Се отвора граничниот премин Меџитлија и Кристалопиги – ММС
ММС

Објавено на: 06/21/21 9:36 AM

Се отвора граничниот премин Меџитлија и Кристалопиги

Градоначалникот на општина Преспа Панајотис Пасхалидис, најави отворање на граничните премини Ники (Меџитлија) кон Северна Македонија и Кристалопиги кон Албанија, на 1 јули, јави дописничката на МИА од Атина.

-Важна вест: Веродостојни информации дека од 1 јули одново и регуларно ќе почнат да работат граничните премини Кристалопиги и Ники, напиша Пасхалидис.

И од двете страни на границата, и од Северна Македонија и од Грција, локалното население, но и бизнисмените  во изминатиот период бараа да се отвори граничниот премин Ники (Меџитлија).

Од граничните премини меѓу Северна Македонија и Грција, од грчка страна, отворен е само преминот Евзони (Богородица).

Последната министерска одлука за граничните премини и предусловите за влез во Грција, објавена во петокот е во сила до 26 јуни 2021 година.

МИА