Фудбалската репрезентација на Чиле ја потресе голем скандал среде Копа Америка затоа што играчите ги прекршиле сите протоколи затоа што наводно донеле проститутки во хотелот!
Турнирот во Јужна Америка пред да почне беше преместен во Бразил поради пандемијата, играчите се во целосен карантин за да не ризикуваат да се заразат, Артуро Видал и Гари Медел во „меурот“ донеле лица кои не смееле да влрзат.
Чилеанските медиуми пишуваат дека се работи за проститутки, додека фудбалскиот сојуз на Чиле информираше дека протоколот бил прекршен поради „фризерот“.
Повеќе фудбалери се казнети поради кршење на корона протоколот, а техничкиот директор Мартин Ласарт поради глупостите на фудбалерите ќе поднесе оставка.
Ова се случило пред мечот со Боливија одигран на 18 јуни кој Чиле го доби со 1:0.
Извор и фото: Mondo.rs