Познатата актерка со женствените руси локни, секогаш облечена во тесни фустани кои провокативно ги истакнувале нејзините облини, била вистински секс симбол на Холивуд.
Таа била забележана додека работела во фабрика за делови за авиони и го освои светот за само неколку години.
Стана актерка за која сонуваа мажите, а ја жените имитираа.
Сите ја познаваа Мерилин Монро, а малкумина знаат дека таа се омажила за прв пат кога имала само 16 години, по шестмесечна врска.
Мерилин се омажила како тинејџерка бидејќи, како што тврдела живеела во згрижувачки семејства од седумгодишна возраст по смртта на нејзината мајка.
На крајот, актерката ја посвоиле нејзините соседи, односно пријател на нејзината мајка.
Кога семејството со кое живеела познатата актерка во тоа време решило да се исели, Монро решила да се омажи за полицаец, за да не остане сираче.
Тој тврдел дека неговата млада сопруга го викала „Тато“.
Младиот брачен пар изгледал среќен на прв поглед, а според првиот сопруг на Мерилин, тој и бил прв маж и обожавала да има секс со него.
Сепак, нивната љубов траела кратко. Патувал со морнарицата една година по венчавката и тогаш на Мерлин и станало досадно. По четири години брак со неа, таа му испратила документи за развод во 1946 година.
Полицаецот тогаш им ја соопшти веста на медиумите и им ја раскажал својата верзија на случувањата.
– Бев на бродот кога ги добив документите за развод. Таа сакаше да потпише договор со телевизиска компанија и тие побараа да не се мажи, бидејќи не сакаа бремена старлета. Кога се вратив, таа рече дека бара развод само за да го добие тој договор, но и понатаму да бидеме заедно.Не можев да го издржам тоа – тврдел Џејмс откако раскинал со Мерлин.
Медиумите подоцна објавиле дека неговата втора сопруга не му дозволувала да гледа филмови во кои глуми неговата прва сопруга, заносната Мерлин Монро.