Две лица загинаа во собраќајка на патот Штип-Крупиште – ММС
ММС

Објавено на: 06/21/21 7:46 AM

Две лица загинаа во собраќајка на патот Штип-Крупиште

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на новиот експресен пат Штип-Крупиште што се случила  вчера попладне околу 16 часот на експресниот пат на четири километри пред штипската приградска населба Три Чешми.

Несреќата се случила при директен судир меѓу две возила со велешки и битолски регистерски таблички.

При несреќата има повредено и други лица, кои се хоспитализирани во Клиничка болница-Штип, при вадењто на повредените и двете жртви во несреќата интервенирале и штипските пожарникари.

Надлежните од СВР-Штип најавија подетални информации за текот на денот.

Според првичните информации од очевидци во несреќата загинале двајца велешани. Увид на местото на незгодата извршија полициски службеници и јавен обвинител од Штип.

 

МИА