Да носеше помал број на патики, Дурант ќе го однеше Бруклин во финалето – ММС
ММС

Објавено на: 06/20/21 2:30 PM

Да носеше помал број на патики, Дурант ќе го однеше Бруклин во финалето

Милвоки бакс го совлада Бруклин нетс со 115:111 по дополнителните пет минути од седмиот решавачки натпревар во полуфиналната серија подобар од седум која ќе остане запаметена по спектакуларните 53 минути и дуелот помеѓу Јанис Антетокуомпо и Кевин Дурант.

Драмата ја одбележаа десет изедначувања, 20 измени во водството и неверојатен финиш во регуларниот дел во кој ако Кевин Дурант носеше еден број помали патики тогаш Бруклин ќе беше финалист на Истокот.

Кевин, кој постигна рекордни 48 поени во седми натпревар од плејоф серија, погоди од далечина за израмнување пред  звукот на сирената во регуларниот дел, но со врвот од патиката за „милиметар“ стапна на линијата која го делеше од постигнување три поени со кои ќе го однесеше тимот во финале.

Јанис Антетокуомпо го предводеше Милвоки со 40 поени, 13 скока и пет асистенции

Милвоки Бакс ќе се бори против победниците од дуелот помеѓу Атланта и Филаделфија за големото финале во НБА.

фото: https://www.yardbarker.com/