Најдобрата македонска атлетичарка Дрита Ислами пред три недели го постави државниот рекорд на 400 метри со пречки, а вчера на Европското првренство во Лимасол, Кипар го подобри за една секунда и стигна до победа.
Нашата олимпијка од Рио 2016 година постигна фантастичен резултат од 57,53 секунди што е за една секунда подобар од нејзиниот рекорд кој го постави во Скопје.
Ислами го освои првото место далеку пред конкуренцијата во втората финална трка на Европското екипно првенство во кое атлетичарките и атлетичарите се борат за бодови за својата репрезентација, не за личен пласман.
Со овој резултат Дрита освои 1095 поени на табелата на Светската атлетска федерација , а тренерот Игор Јакимовски денес изјави дека ова е убедливо најдобриот резултат во македонската атлетика во 21-от век.
Колку е значаен овој резултат говори фактот што најдобрата руска атлетичарка на 400 метри со пречки, Ксенија Короченко оваа година има послаб резулта за 32 стотинки од нашата најдобра атлетичарка.
О.К.
Фото: Приватна архива