Ц.К (74) од кумановското село Романовце, вчера пријавил дека во дворното место од неговата куќа во селото пронашол стара неексплодирана направа, известуваат од МВР.
Увид на местото извршила екипата од СВР Куманово и пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување – Куманово, при што било констатирано дека станува збор за рачна неексплодирана граната од Втората светска војна. Гранатата е подгината и ќе биде предмет на понатамошна постапка.