Македонци масовно се ревакцинираат во Србија.
Во Белград и Ниш денеска и утре се ревакцинираат најголемиот број од околу 15.000 македонски државјани кои кон крајот на март ја примија првата доза на вакцината „Астра Зенека“, а продолжува и слободната вакцинација за нашите граѓани на вакциналните пунктови ширум Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
На Белградскиот саем, во салите 3 и 11 од 8 часот наутро почна ревакцинацијата за македонските државјани и останатите странски граѓани, најмногу од БИХ, каде се создадоа долги редови, и утринава на саемот веќе се вакцинирале 2.500 лица од регионот. Процесот на ревакцинација ќе се одвива со продолжено работно време, како и во недела до 17 часот.
Како што најавија од вакциналниот пункт на Белградски саем, денеска треба да се ревакцинираат 8.000 странски државјани, а во недела 5.000.
МИА