Низ призмата автомобилската индустрија поранешниот директор Агенцијата за стрнаски инвестиции, Виктор Мизо,актуелен менаџер на компанијата „Костел“ зборуваше во емисијата „Стадион“ на Канал 77 за бавното заздравување на економијата и последиците од пандемијата. Според Мизо, кризата е далеку од завршена и зборуваше за конкретната последица од пандемијата врз работата на автомобилската индустрија.
-Се’ уште има недостаток на електронски компоненти или чипови (микторпроцесори), неоподни во оваа индустрија. Епл на пример, користи три пати повеќе од цела автомобилска индустрија. Во Европа во првите пет месеци од годината има значајно намалување на продадени и произведени возила. Дел се должи што беа затворени фабрики. Бројот на возила споредено со 2019 има намалување за 25% на продадени и регистрирани возила. За првите пет месеци од годинава, команиите имаат пад не помалку од 10%, но, некои и 20%, зависно дали се директни добавивачи или се поназад во целиот тој ланец и очекуваме тој тренд на нарачки да продолжи. Драјмлер и Мерцедес кажаа дека во наредните 5-6 недели ќе има драстично намалување на работните часови во нивинте фабрики. Ние добиваме вакви најави на неколку часа пред да се спроведат, рече Мизо.
-Поспоро оди економското заздравување на Европа, наспороти залетот во Кина и во САД. Пандемијата покажа дека луѓето можат да работат од дома без да патуваат. Најрано 2023 – 2024 година може да се вратиме на ниво од предкризната 2019 година, односно седум плус години, што ќе влијае кој што ќе произведува, вели Мизо.
Во однос на политиката што ја води актиелната влада во привлекување на странски инвестиции, поранешниот директор на Агенцијата, го кажа примерот на Ирска, која како што рече, 40 години има иста политика кон инвесторите. Според него, политиката не треба да се меша со економскиот развој.
Мизо во „Стадион“ реше дека важно е на кој начин странските инвеститори ќе се рапсоредат географски по државата. Во однос на заздравувањето, вели дека ќе требаат години.
-Кризата е далеку од завршена. Поспоро оди економското заздравување на Европа, наспороти залетот во Кина и во САД. Пандемијата покажа дека луѓето можат да работат од дома без да патуваат. Најрано 2023 – 2024 година може да се вратиме на ниво од предкризната 2019 година, односно седум плус години, што ќе влијае кој што ќе произведува, кажа Виктор Мизо во емисијата „Стадион“ на Канал 77.