Чифлиганец стана сопственик на 15% акции во Комерцијална банка – ММС
ММС

Објавено на: 06/19/21 12:37 PM

Чифлиганец стана сопственик на 15% акции во Комерцијална банка

Последната вест од банкарскиот свет е дека познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец, преку неговата фирма „Адора инженеринг“ купил нови 48.837 обични акции на Комерцијална банка, со што стана сопственик на 14,9 проценти од акциите на нашата најголема банка. Трансакцијата е направена преку блок трансакција на Македонската берза.

Со ова, „Адора инженеринг“ на Ванчо Чифлиганец сега заедно со поврзаните лица има вкупно 341.860 обични акции. Цената на една акција изнесувала 8.750 денари. Чифлиганец е член на Надзорниот одбор на банката, која има 5207 акционери.