Тетка се пофали на Фејсбук за новородениот внук, но поради неговото име цел Интернет се превртува од смеа – ММС
ММС

Објавено на: 06/19/21 12:16 PM

Тетка се пофали на Фејсбук за новородениот внук, но поради неговото име цел Интернет се превртува од смеа

Една среќна тетка на својот Фејсбук профил објавила дека добила внук, но таа поради името на бебето стана сензација на Интеренет.

– Ни се роди Хипер Текст Маркап Ленгвич или скратено HTML – момчето од Филипините под ова име тетката го запозна пред светот.

Таткото на новороденото момче, кој инаку е програмер, Мек Паскал, е одговорен за изборот на необичното име во чест на неговата професија.

Тој за локалните медиуми изјави дека има многу необични имиња во неговото семејство, објаснувајќи дека неговото име е скратено од „макарони“.

HTML е роден здрав, со тежина од 2,25 килограми.

 

Извор: Блиц.рс