Кривични пријави за директор од Берово и за неговиот заменик – ММС
ММС

Објавено на: 06/19/21 11:44 AM

Кривични пријави за директор од Берово и за неговиот заменик

За делото „злоупотреба на службена положба и овластување“ се пријавени до Обвинителството И.Р.(40) од Берово, директор на правно лице и неговиот заменик И.М.(35) од с.Двориште.  Надворешната канцеларија за криминалистички работи – Берово соопшти дека поднела кривична пријава против двајцата.

-Кривичната пријава е за И.Р.(40) од Берово, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, казниво по чл. 353 ст.1 од Кривичниот законик и против И.М.(35) од с.Двориште, поради постоење основано сомнение дека му помогнал во извршувањето на наведеното кривичното дело. Првопријавениот, во својство на директор во правно лице од Берово, со пречекорување на своите службени овластувања и постапувајќи спротивно на предходен доделен Договор за набавка на услуга за потребите на правното лице, склучен  со  правно лице од с. Двориште, во текот на 2020 година на правното лице чиј што управител е второпријавениот И.М. му овозможил исплата на 360.000 денари, иако правниот субјект воопшто не извршил услуга согласно склучениот договор. Со тоа на правното лице од Берово му причинил материјална штета, додека второпријавениот, по предходен договор со пријавениот, ја примил исплатата, со што се стекнал со противправна имотна корист, соопшти полицијата.