После долго време, пејачот Владо Георгиев се појави во јавноста со избраничката Милица Самарџија.
Владо и Милица биле на настан во Белград на вода и сите беа изненадени од доаѓањето на Милица, бидејќи таа ретко се појавува на настани.
Пејачот беше во црна кошула и фармерки, а неговата избраничка во елегантно издание.
Милица носеше црвен фустан со дезени и црни сандали со висока потпетица, а во преден план беа нејзините долги нозе и витка фигура.
Да потсетиме, Милица и Владо се запознаа кон крајот на 2013 година на кастингот за неговиот спот за песната „Искрено“ и наскоро започнаа љубовна романса.
Милица е 15 години помлада од Георгиев и имаат две ќерки, Софија и Елена.
Извор: Телеграф.рс