Триесет и осумгодишен штипјанец пронајден мртов во близина на селото Чардаклија – ММС
ММС

Објавено на: 06/18/21 3:16 PM

Триесет и осумгодишен штипјанец пронајден мртов во близина на селото Чардаклија

Триесет и осумгодишен штипјанец е пронајден мртов во близина на штипското село Чардаклија. Во соопштениоето на СВР-Штип се вели дека синоќа  во 23:41 часот во СВР Штип било пријавено оти во место викано Манастирче, атар на село Чардаклија, штипско, бил пронајден починат 38-годишниот  М.Е. од Штип.

– Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а увид извршила екипа од СВР Штип, се вели во соопштението од СВР-Штип.

По насоки на Јавен обвинител телото на починатото лице е предадено за обдукција, по што ќе се утврди дали станува збор за насилна  или станува збор за природна смрт или пак за несреќен случај.

 

 

 

МИА