Германија условно ги укинува ограничувањата за туристичките патувања од трети земји – ММС
ММС

Објавено на: 06/18/21 2:10 PM

Германија условно ги укинува ограничувањата за туристичките патувања од трети земји

Германија ги ублажува ограничувањата за трети земји за туристички патувања и посети, почнувајќи од 25 јуни, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Министерството за внатрешни работи се наведува дека оние кои живеат во земјите надвор од Европската Унија и ја примиле комплетната вакцина која е одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА), ќе може да патуваат во Германија.

Според оваа одлука, лицата кои ја примиле комплетната вакцина, односно двете дози од вакцината, сега ќе можат да ја посетат Германија како туристи.

Патниците ќе можат да покажат документ издаден од надлежните службени власти во кој се наведува дека се вакцинирани најмалку 14 дена пред влез во Германија.

Меѓутоа, ограничувања и понатаму се применуваат на регионите или државите во кои и понатаму постои варијанта на коронавирусот.