Првото засилување на Челзи доаѓа од Милано, Мароканецот пред потпис со „сините“ – ММС
ММС

Објавено на: 06/18/21 1:26 PM

Првото засилување на Челзи доаѓа од Милано, Мароканецот пред потпис со „сините“

Првото засилување за европскиот шампион за новата сезона, според италијанските медиуми доаѓа од редовите на Интер.

Десниот офанзивен бек на прваците на Италија, Ашраф Хакими, се наоѓа пред потпис на договор со Челзи и ќе биде првиот трансфер на германскиот стратег Томас Тухел. Сумата која медиумите ја наведуваат се движи од 50 милиони евра до 60 милиони евра и вклучен играч од ростерот на „сините“ во преговорите за услугите на Мароканецот.

Во спротивна насока се очекува да оди шпанскиот лев бек, Маркос Алонсо, но имињата на Емерсон и Матео Ковачиќ исто така се наоѓаат во комбинација. Новиот тренер на „нероаѕурите“, Симоне Инзаги, го ценел фудбалското знаење на екс-играчот на Фиорентина и токму него го преферирал во потенцијалната трампа помеѓу клубовите од Милано и Интер.

Некогашниот младинец на Реал Мадрид, беше еден од инструменталните фудбалери на Антонио Конте во походот кон Скудетото изминатата сезона и на 45 меча постигна седум погодоци и 11 асистенции.

 

 

 

Фото:

sempreinter.com