Сѐ додека постојат вакви лидерства посветени на интеграциите, европската идеја нема да може да биде сериозно загрозена, а европската перспектива секогаш ќе биде победник над евроскептицизмот, напиша премиерот Зоран Заев на својот „Фејсбук“ профил.
Премиерот денес во австриската престолнина учествува на Самитот за Западен Балкан и ја искористи приликата да упати благодарност до канцеларот на Австрија, Себастијан Курц, за демонстрацијата на вистинска одговорност и лидерство кон Западен Балкан.
-Упатувам искрена благодарност до канцеларот на Австрија, Себастијан Курц кој денеска во Виена повторно демонстрира вистинска одговорност и лидерство и кон Западен Балкан и кон Европа. Сѐ додека постојат вакви лидерства посветени на интеграциите, европската идеја нема да може да биде сериозно загрозена, а европската перспектива секогаш ќе биде победник над евроскептицизмот. Денешната панел дискусија во Виена уште еднаш покажува дека иднината на Европа е со Западен Балкан, а иднината на Западниот Балкан е со Европа, рече Заев.
Фото:
Facebook / Zoran Zaev