Хамас упати закани дека ќе одговори на израелските напади врз Појасот Газа – ММС
ММС

Објавено на: 06/18/21 10:22 AM

Хамас упати закани дека ќе одговори на израелските напади врз Појасот Газа

Палестинското движење Хамас упати закани дека ќе одговори по израелските напади врз Појасот Газа, јавува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролот на Хамас, Февзи Берхум, изјави дека Израел повторно продолжува со досегашната политика.

„Израелското бомбардирање на позициите на силите на отпорот е претстава која се изведува за новата Влада да го поправи моралот на своите војници и заповедници“, изјави Берхум.

Тој нагласи дека ќе одговори на секоја провокација на Израел чија цел се палестинскиот народ и силите на отпорот.

Израелската војска изврши воздушен напад врз окупираниот Појас Газа. Израелските воени авиони синоќа бомбардираа цел во градот Беит Лахија во северниот дел на Газа. Сè уште нема информации за целта која ја гаѓал Израел.

Палестинското Министерството за здравство во Газа досега не даде информации за евентуални жртви.