Надвор од здравствените протоколи под кои се одржува Европското првенство во фудбал во најголемиот број од градовите-домаќини, капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев и селекторот Игор Ангеловски, заедно со нивните семејства, забележани се од романските медиуми во луксузен ресторан во Букурешт.
Строгиот ковид-протокол кој за дел од нашите фудбалери претставуваше „затвор“, по вториот меч од групата Ц и поразот од Украина со 2:1, очигледно бил заобиколен од Ангеловски и Пандев, како што може да се види од фотографијата на романски „Про спорт“.
Европската куќа на фудбалот при организацијата на овој голем европски турнир, имаше предвидено „бабл“ од кои фудбалерите и целиот стручен штаб не смеат да излегуваат, со цел да се заштити нивното здравје во време на пандемија на коронавирус.
Фото:
prosport.ro
Facebook / Македонска фудбалска репрезентација