Сцена како на филм: Смачкано црвено Ферари, во моментот на несреќата сите скокнале од него – ММС
ММС

Објавено на: 06/18/21 9:19 AM

Сцена како на филм: Смачкано црвено Ферари, во моментот на несреќата сите скокнале од него

Утрово, околу 7 часот, непознат возач удрил во црвено Ферари во улицата Кралјeвачки батаљон во Крагуевац.

Според очевидци, неколку млади луѓе биле во автомобил со странски регистарски ознаки, и со голема брзина возеле накај градот.

Во еден момент изгубиле контрола и возилото удрило лево и десно на тротоарот додека не запрело. Сите скокнале од уништениот автомобил и побегнале.