Новиот состанок на заедничката историска комисија меѓу Бугарија и Македонија, е закажан дури за октомври. Нема напредок и нема што да се промени. Прашањето е како и дали може да се промени во работата на комисијата. Ова го изјави проф. Ангел Димитров, која ја предоводи историската комисија од бугарска страна.
-На барање на нашите колеги, нашата следна средба ќе биде дури во октомври. Скоро ништо не е направено во Договорот за добрососедството, па претпоставувам дека Скопје ќе вложи напори да покаже желба да постигне одреден напредок во други области – инфраструктура, итн. Според сите клаузули во договорот, стагнацијата е неверојатна, нагласи Димитров.
-Односот кон бугарската историја и она што РСМ го смета за нивна историја е најболната точка во односите, бидејќи тоа формира менталитет и култура што се рефлектираат во сите сфери на животот, коментира професорот. Неопходната катарза за историската наука и целото општество не гледам како ќе се случи ако нема политичка одговорност за ова, но и одговорност на науката, рече проф.Димитров за БНТ.
Работата на комисијата беше и едно од прашата на бугарските новинари на вчерашната прес конференција на премиерите Зоран Заев и Стефан Јанев.
Заев одоговори дека вчерашната средба на највисоко ниво е еден вид охрабрување историската комисија да започне да работи поактивно. Според Заев, досега има согласност за пет историски фигури и три историски периоди кои заедно ги почитуваме.
-Ваквите успеси треба да не мотивираат да продолжиме.Откако заклучоците на историчарите ќе бидат усвоени на меѓувладина конференција објавена во државните весници, тие ќе бидат применети во учебниците за да им се предава на идните генерации на историската вистина за која се договоривме, рече Заев.