Ако можете одбегнувајте ги – Овошје кое содржи најмногу шеќер – ММС
ММС

Објавено на: 06/18/21 8:37 AM

Ако можете одбегнувајте ги – Овошје кое содржи најмногу шеќер

Овошјето е добро за сите нас и ни ги нуди на организмот потребните хранливи материи и минерали, но исто така се разликува и во количината на шеќер што ја содржи.

Ако сакате да ја задржите вашата тежина или сте на диета, добро е да знаете кои плодови се добри за да ги избегнувате.

Манго

Едно манго содржи околу 45 грама шеќер, па затоа не е најдобриот избор за оние кои држат диета. Ако мангото е вашето омилено овошје, и сте на диета, јадете само парче или две.

Гројзе

Само неколку зрна грозје содржат околу 23 грама шеќер, и тоа е многу за оние мали бобинки кои се јадат лесно. Помалку јадете го ако ги пресечете на половина и ги ставите во замрзнувач, но сигурно ќе ви послужи како вистинско летно уживање кое ќе се џвака малку подолго.

Цреши

Малкумина се оние кои не сакаат цреши, но за жал содржат и многу шеќер, така што само мал дел ќе обезбеди до 18 грама шеќер. Секако, најдобро е да јадете мали количини, иако знаеме колку е тешко да се остане само на неколку црешки.

Крушка

Една мала круша содржи околу 17 гр шеќер, па ако се обидувате да изгубите вишок килограми, не јадете ја цела. Додадете неколку коцки во јогурт или овошен сок,но може да ги додадете и во салати.

Лубеница

Едно парче лубеница може да содржи до 17 гр шеќер, но содржи и електролити кои на телото му се потребни за да ги опорави по сончањето. Јадете лубеница, само во умерени количини.

 

Информер.рс