Продолжениот викенд и раната туристичка сезона изустрината создаде редици на македонско – грчката граница Богородица – Евзони. Од македонска страна нема подолги задржувања, меѓутоа, поради процедурите и потребната документација од грчка страна, чекањето е подолго од 30 минути. Според информациите од наши граѓани, кои чекаат на границата, треба повеќе време да се прегледаат документите и внесат податоците. Чекаат главно македонски и српски граѓани, но има и од други националности. Има и поголема редица на камиони.
состојба од грчка страна ГП Евзони
Евзони останува единствениот отворен премин од грчка страна. Граѓаните се’ уште немаат одговор на прашањето кога ќе се отвори преминот Меџитлија, кај Битола.
состојба од македонска страна ГП Богородица