Македонија загуби од Украина во Букурешт и најверојатно ја пропушти својата шанса за нокаут-фазата, но македонските навивачи уште еднаш му покажаа на Европа што значи да се сака својата репрезентација.
Во изминатите денови романската престолнина беше обоена во црвено-жолто, ечеше македонска песна во секоја улица во Букурешт, а колоритот на трибините на „Националната Арена“ го обиколи целиот свет.
Објективот на дуелот со Украинците во 70-тата минута забележа еден интересен и комичен момент. Понесен од песната и еуфоријата, фанот на „рисовите“, наместо во својот реквизит удираше во празно. Неговиот тапан беше уништен, а сите на стадионот знаеја за тоа освен тој самиот.
— euros out of context (@footballscomin) June 17, 2021
д.ј
Фото: