Второто полувреме беше нашето најдобро издание на Европското првенство, изјави Столе Димитриевски – ММС
ММС

Објавено на: 06/17/21 4:44 PM

Второто полувреме беше нашето најдобро издание на Европското првенство, изјави Столе Димитриевски

Еден од подобрите поединци во македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, уште еднаш се покажа тогаш кога е најпотребно, одбранувајќи му пенал на Руслан Малиновски при резултат 2:1 за Украина и оставајќи ги во игра своите соиграчи за прв бод на големите натпреварувања во историјата.

Сепак, Димитриевски вели дека не е задоволен од одбранетиот пенал, затоа што со тоа не помогнал на екипата да се дојде до бод.

-Игравме два меча, првата беше навистина добра, освен тоа што направивме неколку тактички грешки. Првото полувреме во другиот меч беше послабо, но во второто ја покажавме нашата најдобра слика и одигравме најдобро досега на Европското првенство. Игравме две утакмици, првата беше доста добра, тактички грешки само. Првото во другава послабо, али во второ се претставивме со нашата најдобра слика и со најдобра игра што можеме да покажеме досега на ЕП. Искрено не сум задоволен од одбранетиот пенал, затоа што не помогнав да добиеме прв бод. Но, тоа е фудбалот и треба да се бориме сите заедно до крај, рече Димитриевски во изјава за МТВ.

Голманот на Рајо Ваљекано додаде дека ударите од белата точка се анализираат со стручниот штаб и одбранетиот удар од белата точка го посвети на сите.

-Ние разговараме со стручниот штаб, тренираме, анализираме видеа од противникот, вежбаме. Да се одбране пенал денес е тешко, треба да стоиш на линија. Мора да се процени, но реално ова е одбранет пенал на сите. Ние разговараме со стручниот штаб, на тренинзи, анализираме видеа нивни, вежбаме, да се одбрани денес пенал е тешко, треба да стоиш на линија. Треба да се процени, но реално ова е одбранет пенал на сите. Сега одиме во Холандија да се покажеме во најдобро светло, вели Димитриевски.

Во понеделник на „Јохан Кројф“ Македонија ќе му гостува на Холандија од 18:00 часот во последниот дуел од групата Ц на ЕУРО 2020.

Фото:

Twitter/ @EURO2020

д.ј