Британската амбасадорка во посета на рудникот САСА – ММС
ММС

Објавено на: 06/17/21 4:24 PM

Британската амбасадорка во посета на рудникот САСА

Рудникот САСА ќе продолжи годишно да вложува повеќе од 300.000 долари во различни области значајни за животот и просперитетот на луѓето во локалната заедница.

Ова беше соопштено на средбата на претставниците на менаџерскиот тим на САСА со британската амбасадорка Рејчел Галовеј, која по повод 15-годишнината од рестратирањето на рудникот, престојуваше во Македонска Каменица, каде се запозна со реализацијата на дел од досегашните и тековните општествено одговорни проекти, како и со плановите за идни вложувања на САСА во развојот на заедницата.