Војвотката од Кембриџ е позната како некоја која секогаш мери и обрнува внимание на секое движење, гримаса, а особено внимава на зборот, па многумина се изненадени од нејзиниот одговор за малата Лилибет.
За време на Самитот Г7 во Велика Британија, војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон комуницираше со медиумите почесто од вообичаеното и беше во можност да одговори на голем број прашања што инаку можеа да се избегнат.
Еден од нив е несомнено оној за одметнатите членови на семејството, новопечените родители принцот Хари и Меган Маркл.
Не е тајна дека Сасекс и Кембриџ се во лоши односи, но последните месеци, во пресрет на раѓањето на второто дете на принцот Хари и Меган Маркл, беше напишано дека принцот Вилијам се обидува да ги смири односите со неговиот помлад брат.
Судејќи според последната исповед на Кејт Мидлтон – не оди добро!
Сопругата на принцот Вилијам разговараше со новинарите додека се дружеше со првата дама на САД Џил Бајден, а еден од нив ја праша за Лилибет Дајана, неодамна родената ќерка на принцот Хари и неговата сопруга.
-И посакувам се најдобро. Едвај чекам да ја запознаам бидејќи сè уште не сме се виделе, се надевам дека ќе биде наскоро – рекла Кејт.
Новинарот на „Дејли меил“ ја праша војвотката дали го видела бебето барем на фотографија или преку видео повик, на што Кејт одговори: „Не, не сум го видела“, а овој портал пишува дека атмосферата во собата била многу непријатна потоа конференцијата била прекината.
Извор и фото: Еспресо.рс