Новак порачува: Луѓе, местото не ми е покрај Надал и Федерер! – ММС
ММС

Објавено на: 06/17/21 1:48 PM

Новак порачува: Луѓе, местото не ми е покрај Надал и Федерер!

Дебатата за тоа кој е најголемиот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал или Роџер Федерер, го достигнаа својот врв, откако првиот тенисер во светот го освои 19-от Грен слем во кариерата во Париз.

Новак Ѓоковиќ има само еден Грен слем помалку од неговите најголеми ривали, Роџер Федерер и Рафаел Надал имаат по 20.

Но, Србинот стигна до вториот трофеј во Париз и сега двапати го освои грен слем, што не им успеа на Швајцарецот и Шпанецот затоа што им недостасува еден Ролан Гарос на Федерер и Надал односно Австралија опен.

Кога го прашале Новак за трката за GOAT, тој дадл интересен одговор.

– Разбирам дека на луѓето им се допаѓа таа дебата, дека зборуваат за тоа и дека сакаат да извлечат нешто од нас тројца. Не знам што одговараат другите двајца, но не сакам да влегувам во шпекулации за тоа кои фактори одлучуваат кој е најдобар на сите времиња. Оставам на професионалните тенисери и навивачите да проценат сами – рече Ѓоковиќ и додаде:

– За мене е огромно задоволство и мотив да освојам вакви Грен слемови, најголемите турнири во историјата на нашиот спорт и да пишувам историја. Ме турка, тоа ме инспирира. Поради фактот што сум единствениот кој освои најмалку два Грен слема и најмалку два Мастерс, пресреќен сум. Нема да влезам во таа дебата затоа што моето место не е таму, бидејќи сè уште сум активен во мојата кариера и сè уште трагам по својот пат, секој од нас има свој автентичен пат. Продолжам да се трудам и да освојувам Грен Глејмс, бидејќи тоа е она што најмногу смета по тој пласман на број 1 – го објасни Новак својот став на оваа тема.

 

Извор: Информер.рс