(ВИДЕО) Проблемот со Бугарија е билатералнo и решението треба да го бараме овде, рече Заев – ММС
ММС

Објавено на: 06/17/21 1:39 PM

(ВИДЕО) Проблемот со Бугарија е билатералнo и решението треба да го бараме овде, рече Заев

„Денеска седнавме и разговаравме за билатерален проблем, затоа што проблемот е билатерален ние имаме пријатели насекаде низ светот и Република Сееврна Македонија и Република Бугарија, но проблемот е билатерален и решението треба да го најдеме овде, билатерално двете страни“, рече премеирот Зоран Заев на прес конференција по средбата со техничкиот бугарски премиер, Стефан Јанев.

Тој истака дека тоа е обврска на двете земји, затоа што ако сме одговорни политичари и лидери на нашите народи тоа е и наша обврска да работиме на пронаоѓање на решение.

„Денеска со премиерот Јанев разговаравме за суштината, структурата на можното решение на проблемот преку патоказот, патната карта, преку секторската соработка во сите можни области со конкретни рокови со конкретни одговорини институции, како и за интензитетот на работата на историско образовната Комисија, но исто така ние од нашата страна го искоментиравме португалскиот предлог со тоа што Бугарија е членка на ЕУ и Бугарија во рамките на ЕУ разговараат за деловите кои се однесуваат на ЕУ. Наше е да разговараме за билатералните прашања кои што не се невозможни да бидат решени и верувам дека постои можност да изнајдеме решение“, рече премиерот Заев.

Според него најмалку има исчекор напред и заради тоа што седиме заедно, работиме заедно, разгоавраме за решение кое мора да биде билатерално и затоа што решението што е на маса пред нас мора да води грижа за интересите на двете страни, само така граѓаните ќе го поддржат и само така ќе имаме успешна реализација, рече Заев.

„Јас одовде одам на средба со претседателот Румен Радев и тамуу ќе разговарам, ние сме заедно и вечерва на вечера, затоа што низ разговорите е возможно да се изнајде плус креативност, плус инветивност. Јас знам убеден сум дека денешните средби овде во Софија ќе донесат само добро за двата братски народи, апелирам до бугарскиот братски народ преку своите лидери да продолжи да и помага на Северна Македонија на нашиот пат кон ЕУ, за нас друга алтернативна нема. Апелирам и до македоснкито народ да му дадат шанаска на добрососедството и соработката и пријателството и меѓусебна братска поддршка да дадат за иднината на овие две наши земји и двата народа“, рече премиерот Заев.

Г.Д