Се уште има нејасни работи во случајот „Тортура“ – Судот закажа ново рочиште – ММС
ММС

Објавено на: 06/17/21 12:58 PM

Се уште има нејасни работи во случајот „Тортура“ – Судот закажа ново рочиште

Во Кривичниот суд Скопје требаше да се донесе пресудата за случајот „Тортура“, но како што кажа судијката Александра Ристова се уште доволно не се разјаснети неколку прашања за ова Кривично дело.

И покрај оправдани причини и менување на поротник мораше да се одложи пресудата посочи судиката Александра Ристовска и изјави дека овој случај започнл  одново,  и за судот јасно е дека се случило некое дело, но се уште има работи кои треба да бидат целосно комплетирани

– На судот се уште им е нејасен делот кај  обвинетите  кое дејствие на извршување го превзел и каков е тој битен придонес кон извршување на делото имајќи ја во предвид правата класификација на законското битије на кривичното дело на кое им се става товар на обвинетите како соизвршители во член 22 од Кривичниот законик.За судот останува нејасно кое дејствие и со каков интензитет и обем го превземал исто така е нејасен каулизитетот меѓу превземените дејствија и настанатата последица па затоа согласлно со член 397 став 1 од законот за кривичната постапка при советувањето и галасањето овој судски совет донесе одлука дека е потребно дополнување на постапката и разјаснување на одделни прашања па поради тоа овој судски совет едногласно одлучи постапката да се преотвори, ова го кажа судиката во Кривичниот суд во Скопје

Новото прво рочиште ќе биде на 8 јули, а второто на 14 јули на кое  соодветно и уредно ќе бидат повикани обвинетите во Кривичниот суд.