Жената е на прво место во општеството, го почитуваме нејзиното право и интегритет и се грижиме за секоја мајка и сопруга, напиша министерот за здравство, Венко Филипче, на својот „Фејсбук“ профил.
Филипче истакна дека со новиот закон за прекинување на бременоста се укинуваат сите административни бариери со кои досега се соочувале жените и ја одложувале постапката за прекинот на бременоста.
-Започнувајќи од 2019 година во континуитет е достапна најсовремена биолошка терапија за сите жени со рак на дојка. Услугата за овие пациенти вклучува и психолошка поддршка која им служи како алатка за поддршка при лекувањето. Во текот на целата пандемијата непречено се спроведуваа мамографските скрининзи. Во 2018 година започнаа со работа 3 центри за упатување на жртви од сексуално насилство во Скопје, Куманово и Тетово со поддршка од УНДП и УНФПА во соработка со ХЕРА. Преку нив, обезбедивме поддршка и заштита за жртвите од родово насилство, напиша Филипче.