Класичните тренинг методи понекогаш знаат да бидат досадни, па зошто да не се обиде со нешто кое ќе го задржи вниманието, ќе биде забавно и ќе развие моторичките способности?
Македонските фудбалски репрезентативци во пресрет на решавачкиот дуел на Европското првенство со селекцијата на Украина, се подготвуваа на можеби и неконвенционален начин за пошироката публика.
УЕФА преку краток видео-материјал ни даде можност одблизу да видиме како Алиоски, Ристовски и екипата во стилот на врвни слаткари, во трк ги разменуваат топките со помош на тренинг столпчињата свртени на обратната страна.
#MKD have found a new use for training cones 🤣 pic.twitter.com/CSofHZau2P
— 433 (@433) June 17, 2021
Колку и дали „сладоледот“ на Мрме ќе се покаже како успешна стратегија против незгодниот опонент предводен од Андриј Шевченко, останува да видиме денес од 15:00 часот. Во таборот на нашата репрезентација сите фудбалери се фит и подготвени за голема битка во текот на сите 90 минути.
Фото:
Twitter / @EURO2020 / Screenshot
д.ј