После само 22 дена на кормилото, Гатузо заработи отказ во Фиорентина – ММС
ММС

Објавено на: 06/17/21 9:21 AM

После само 22 дена на кормилото, Гатузо заработи отказ во Фиорентина

Довчерашниот тренер на Наполи, Џенаро Гатузо, после само 22 дена на кормилото на тимот од Фиренца заработи отказ, утрово и официјално потврдија од клубот.

Веднаш по завршувањето на сезоната 2020/21 во Сериа А и неуспехот на Наполи за пласман во Лигата на шампионите, некогашниот фудбалер на Милан од југот на Италија се пресели во Фиренца со надеж дека „виолетовите“ ќе ги врати на старите победнички патеки.

Но, ситуацијата за Гатузо и Фиорентина се претвори во вистинска комедија. Несогласувањата со управата во врска со трансферите и трансфер стратегијата и тоа не со самиот Гатузо, туку со неговиот агент, Жорге Мендес, биле иницијална каписла за ваквиот непопуларен потег на уште незапочнатата сезона.

Засега нема најава за тоа кој би можел да седне на столчето на Фиорентина.

 

 

 

 

Фото:

Twitter