Милијардерката Мекензи Скот, поранешна сопруга на основачот на технолошката компанија „Амазон“, Џеф Безос, донираше 2,7 милијарди долари на разни хуманитарни организации и ова не и е првпат.
Таа на својот блог напиша дека сака да им даде парите на оние кои биле „низ историјата потценети и запоставени“, пренесува Би-Би-Си.
Таа додаде дека избрала 286 организации кои се занимаваат со расна нееднаквост, уметност и образование.
Таа исто така изјавила дека сака да го расподели своето богатство и дека со помош на тим истражувачи и нејзиниот нов сопруг, професорот Ден Џуит, одбрала кому ќе донира пари.
„Се водевме од скромното верување дека ќе биде подобро ако несразмерното богатство не би било сконцентрирано во мал број раце“, напиша таа.
Мекензи Скот е една од најбогатите жени во светот.
Најголемиот дел од парите ги стекна по разводот со Безос во 2019 година. Тој во моментов е најбогатиот човек на светот.
Извор: Rs.n1info.com
Фото: Printscreen YT/Nicki Swift, Profimedia