Одамна е познато дека обожавателите на ријалити sвездите Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ во неколку наврати им подготвија изненадувања и подароци, а сега на социјалните мрежи може да се види нова „акција“.
После веста дека Луна се породила, нивните обожаватели се неверојатно среќни, а сега решија да ја изненадат на многу посебен начин.
На социјалните мрежи можете да најдете објави од нивните обожаватели во кои тие се обединуваат и организираат да соберат пари со цел да купат куќа на парот.
На фан групата на „Задруга“ денес се појави објава во која се повикува да се соберат пари за Луна. Колку што може да се види, станува збор за собирање пари за нивната нова куќа.
– Кој досега не платил за новата куќа на Луна и Марко, нека ме извести во инбокс за информации – напиша еден од обожавателите, а другите се огласија и во коментарите.
Обожавателите наводно отвориле сметка на која собрале дури 25 000 евра за нивното бебе, кое се роди вчера.
Извор: Телеграф.рс