ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Античкиот театар во Охрид ќе го одбележи својот 31-ви роденден. На одбележувањето најавено е обраќање на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски и лидерот на патијата Христијан Мицкоски. Честитки за роденденот на партијата од Будимпешта од профилот на Фејсбук испрати и екс премиерот Никола Груевски и доби многу коментари.
Меѓу сите коментари интересен беше на отец Пимен, владика на МПЦ-ОА, митрополит на европската епархија, кој на Груевски му напиша „Честитки. Па, повели на торта“.
ММС го контактираше отец Пимен од каде интересот за политика и што го испровоцирало за коментар.
-Лесно е да си патриот оддалеку. Тој семејството не си го видел со години, па се грижел и ја сакал Македонија и партијата. Мене не ме интересира политика, но морам да следам од страв за македонската иднина, ни одговори отец Пимен, кој во моментов се наоѓа во Букурешт, каде го следи Европското првенство, како поддршка на македонската репрезентација.
Отец Пимен е познат по неговата духовитост, пишува музика, црта, а не ретко дава и свои политички коментари без влакна на јазикот.
Груевски под честитката доби над 250 коментари. „Врати се премиере“, „Никуч, Македонија вечна“, „Идеологија и нација а не профит и интереси. Слобода за Ниџе“, „ Поздрав, председателе. Да си здрав и жив и побрзо да се видиме“ се само дел од нив, кои покажуваат дека не можат да го прежалат заминувањето на Груевски и го повикаат да се врати.
ММС