Погба не сака да рекламира пиво – По Роналдо нова мака на спонзорите со фудбалерите – ММС
ММС

Објавено на: 06/16/21 12:21 PM

Погба не сака да рекламира пиво – По Роналдо нова мака на спонзорите со фудбалерите

На спонозрите воопшто не им е лесно на натпреварувањето на Европското првенство. Најпрво Кристијано Роналдо ги тргна шишињата со Кока -кола од конференциската маса бидејќи не го поднесува тој газиран пијалок, а сега и сличен потег направи и Пол Погба.

Погба е муслиман од 2019 година и неговата вера најстрогно му забранува алкохол. За луѓето од таа вероисповед алкохолот е „харам“, односно е забранет и затоа Фанцузинот не сакал да го рекламира  и го тргнал шишето.

Единствен проблем во целата таа приказна е што во тој пијалок воопшто нема алкохол, има сина етикета и станува збор за безалкохолно пиво, но како и да е тоа е доказ дека фудбалерот навистина не пие пиво.

Give me Sport објави вчера дека гестот на Роналдо по некои проценки Кока – кола имала штета од 4 милијарди долари. Ќе видиме колку во минус ќе биде и овој спонозр од гестот на Погба.

Фудбалерот на Манчестер јунајтед стана муслиман пред две години, а својата одлука за англиските медиуми ја објасни вака:

-Ме смирува внатрешно, тоа со години го барав, одлучив да се помолам со другарите муслимани и навистина се почувствував  поинаку, добро, изјави за  Manchester Evening Post пред неколку години.

Извор:  dnevnik.hr

Фото: Твитер