Пред почетокот на седницата на Министерскиот совет на привремената влада во Бугарија, премиерот Стефан Јанев е обрати пред новинарите со најва на како што рече „новина за бугарските медиуми“. Јанев ја нави посетата на македонската делегација на чело со Зоран Заев, како што рече, со цел барање на решенија, кои се од интерес на двете земји и двата народа.
-Прашањата што ќе ги разгледуваме, се од особена важност и за две земји, и се надевам практичните чекори што двете влади ќе можеме да ги направиме да обезбедат позиција која подоцна ќе биде разгледана во бугарскиот Парламент и да се бара решение, кое е од интерес на европската интеграција и европската перспектива на сите земји од Западен Балкан, рече Јанев пред почетокот на состанокот.
Дали оваа најава значи дека привремената влада на Бугарија е подготвена да исчекори и земе решение за македонско – бугарскиот дијалог пред Советот за општи работи на ЕУ на 22 јуни?
Македонскиот премиер Зоран Заев ја најави утрешната посета на Софија, но отсуствуваше неговиот оптимизам дека може да се најде решение.