„Еколошката такса од 3,5 денари на нафтата е со порака да се откажеме од нафтата и нафтените деривати и помало нивно користење за да преминеме на користење на зелена енергија, односно да се движиме почесто со велосипед, тротинет и електрични возила затоа што тоа го прави цел свет.“ Ова е образложението што премиерот Зоран заев го даде на најавата за поскапување на горивата со воведување на 3,5 денари еколошка такса на секој издаден литар. Во просек тоа значи дополнителни 500 денари месечно во просек.
Заев на ваков начин очекува да го наполни државниот буџет со милијарда 685 милиони денари за едно полугодие или три милијарди и 300 илјади денари.
Супер идеја со велосипедите и тротинетите, но ги праша ли Заев велешани или штипјани како да се извозат градските угорници, каде има една или ниедна велосипедска патека? Или што да кажат жителите на сите поголеми места, кои се принудени да пешачат по коловозот, затоа што тротоарот е окупиран од паркирани возила или залетани тротинетџии?
И конечно, дали Заев во име на почистата животна средина ќе се откаже од неговото хоби – возењето мотор?
-Јас лично батериите ги полнам возејќи мотор, изјави неодамна Заев.
Еколошка такса е пракса во многу развиени земји, меѓутоа стравувањето е дека поскапувањето на горивата може да покрене нова спирала на посакапувања, во ситуација кога силно се чувствуваат последиците од пандемијата, а неколку десетици илијади граѓани останаа без работа.