Францускиот суд во вторникот ја казни ИКЕА со парична казна од 1,2 милиони долари за шпионирање на својот француски персонал, откако најголемиот светски производител на мебел беше прогласен за виновен за непримерно собирање податоци за своите вработени.
Францускиот огранок на групацијата Ингка, кој поседува поголем дел од продавниците на ИКЕА ширум светот, е обвинет за шпионирање на своите работници и некои клиенти во текот на повеќе години.
Притоа, како што тврди обвинителството, францускиот огранок го повредил нивното право на приватност прегледувајќи ги нивните банкарски сметки и незаконско стекнување информации за криминални досиеја, начин на живот и други информации.
Претставниците на работниците тврдат дека овие информации биле користени како средство за притисок врз синдикалните лидери, а исто така и незаконски собраните податоци биле користени во споровите на ИКЕА со клиенти.
Истрагата открила дека ИКЕА поткупувала луѓе за да добијат увид во полициската документација на вработените и клиентите.
Обвинителите побараа парична казна од два милиони евра за „масовно следење“ кое го спровела ИКЕА, но претставниците на синдикатот ЦТГ и неколку лица се задоволни од исходот на судењето.
Истрагата за случајот започна во 2012 година, после пишувањето во медиумите. Шпионирањето на работниците и клиентите се спроведувало систематски од 2009 до 2012 година.
Обвинителството побара затворска казна за еден од поранешните директори, Џeaн-Луис Баилот, кој беше осуден на две години условна казна и парична казна од 50.000 евра.
Џеан-Франсоа Париз, одговорен за осигурување во компанијата од 2002 до 2012 година, беше осуден на 18 месеци условна казна и 10.000 евра парична казна.
ИКЕА во Франција вработува околу 10.000 луѓе, а францускиот пазар е најголем по Германија и САД.
Извор: Hr.1info.com