Збогум на полицискиот час – Од ноќеска на полноќ слободно движење – ММС
ММС

Објавено на: 06/15/21 8:58 PM

Збогум на полицискиот час – Од ноќеска на полноќ слободно движење

На денешната седница на Владата е донесена одлука со која, почнувајќи од 16 јуни 2021 година (среда), престанува да важи забраната и посебниот режим на движење на лица и возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, стапува на сила од вечерва на полноќ, известуваат од Владата.

Одлуката ќе биде објавена во Службен весник пред полноќ и со тоа сите одлуки на Владата од денешната седница стапуваат во сила во 00:00 часот.

Во Македонија од почетокот на пандемијата за првпат беше воведен полициски час на 22 март 2020 година, со кој се забрани движење на населението од 21 до 06 часот наутро.