(Видео) Ќе пијам ќе лумпувам, ќејфови ќе терам – Ечи во Букурешт македонска песна, се чека натпреваерот со Украина – ММС
ММС

Објавено на: 06/15/21 4:43 PM

(Видео) Ќе пијам ќе лумпувам, ќејфови ќе терам – Ечи во Букурешт македонска песна, се чека натпреваерот со Украина

Во Букурешт и понатаму се ори македонската песна. Фудбалските фанови, кои уште од неделата се таму за да ја бодрат македонската фудбалска репрезентација, се сеуште таму и го чекаат четврток за да ги бордрат нашите момчиња на натпреваот со Украина.

„Ќе пијам ќе лумпувам, ќејфови ќе терам јас“ е најчестиот стих од песната на покојниот Гоце Арнаудов,  кој се слуша од кафулињата во Букурешт, кои се запоседнати од македонските фанови. Но, не изостануаат „Ој, Вардаре“, „Битола, мој роден крај“ и многу други песни кои се пеат на фудбалски настани.

Во Букурешт има над 5.000 љубители на фудбалот од Македонија.