Бугарските власти од денеска дозволуваат влез на нивна територија и преку ГП Златарево кај Ново Село, кој беше затворен повеќе од половина година. Низ овој премин досега се реализираше товарниот сообраќај, а патниците се препраќаа на граничните премини кај Делчево и Деве Баир. Веста дека е отворен ГП Златарево за влез во Бугарија ја потврдија и од македонското Минстерство за внатрешни работи.
Со новата одлука на министерот за здравство на Бугарија Стојанчо Кацаров, ГП Златарево кај Ново Село ќе функционира 24 часа, при што за влез во ова држава патниците ќе мора да поседуваат негативен ПЦР или доказ за примени две вакцини или пак дека имаат прележано корона. Од таа причина, тамошното минситерството за здравство на ГП Златарево отвори пункт каде ќе се врши контрола на документите
,,На граничниот премин Златарево е отворен пункт на Државниот инспекторат за здравствена заштита на Бугарија, кој ќе има за задача контрола и обезбезедување на потребните документи за влез во земјата воведени со одлука на Владата и наредба на министерот за здравство на Бугарија Стојанчо Кацаров“, објавија од Општина Петрич.
В.Т.