Актерката Силвија Стојановска осудена на три и пол години затвор за шверцот на кокаин – ММС
ММС

Објавено на: 06/15/21 1:37 PM

Актерката Силвија Стојановска осудена на три и пол години затвор за шверцот на кокаин

Актерката Силвија Стојановска и нејзиниот партнер Воислав Будисавлевиќ денеска во Кривичниот суд биле прогласени за виновни по обвинението за транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.

Од Кривичниот суд за „Фокус“ потврдиле дека Стојановска е осудена на затворска казна од три ипол години, а Будисавлевиќ на седум години.

До правосилноста на пресудата актерката ќе остане на слобода, со определена мерка на претпазливост, а Будисавлевиќ останува во притвор.

Во текот на истрагата Обвинителството утврди дека во периодот од јули 2019 година до 18.12.2019 година обвинетите, заедно со тројцата обвинети во Кралството Шпанија, од кои едниот е македонски државјанин, брат на првообвинетиот, како и повеќе лица, зеле учество во неовластено купување, пренесување и продавање кокаин во вкупна количина од 698.758 грама. Обвинетите, наводно, подготовувале и организирале неовластено купување, превезување и сместување на кокаинот од Колумбија до Мадрид, Кралството Шпанија, и барале купувачи на неа, се наведува во обвинението.

Стојановска и Будисавлевиќ беа приведени на крајот на декември минатата година