ТАВ на поефикасен начин ќе раководи со инфраструктурните проекти отколку државата, изјави премиерот Заев – ММС
ММС

Објавено на: 06/15/21 1:24 PM

ТАВ на поефикасен начин ќе раководи со инфраструктурните проекти отколку државата, изјави премиерот Заев

ТАВ ќе раководи со инфрастуктурните проекти од пријателски причини, да ни помогне во брзината на постапката на реализацијата на самите проекти и оваа работа ќе ја направи на поефикасен начин отколку државата да почнеше да го прави конечното потврдување преку своите институции, изјави премиерот Зоран Заев при доделувањето на првите договори за инфраструктурни проекти на 23 општини од ТАВ програмата.

Во вкупна вредност од 49,7 милиони евра, над 90 проекти поврзани со инфраструктурата ќе се реализираат со средствата кои беа наменети за карго аеродромот кај Штип. Проектот ќе се одвива во три фази кои ќе завршат кон крајот на јули годинава. Дваесет и три проекти со вкупна вредност од 10 милиони евра ќе бидат реализирани во воведната фаза.

-ТАВ ќе раководи наместо општините кои аплицираа и ги подготвија самите проекти, поради пријателски причини, да ни помогне во брзината на постапката за реализацијата на проектите. Оваа работа на поефикасен начин ќе ја прави ТАВ, отколку државата да почнеше преку своите институции да ја прави таа ревизија и конечното потврдување на проектите. Мора да сме благодарни на ТАВ којшто ангажираа посебни ревизорски куќи и ги платија сопствено, со цел да се направи финална ревизија за да може да стартуваат изведбите на договорите, рече Заев.

Заев додаде дека апликациите на општините датираат и од пред една, две или три години, а главната цел на овие проекти е подобрување на животот на локално ниво, нови работни места и економски развој.

д.ј