Во Скопје ќе се оддржи втората парада на гордоста, овогодишната парада ќе биде под мотото „Вон ѕидовите“ каде ќе ја испратат пораката дека под сонцето има место за секого.
-Денеска сакам да ја најавам втората парада Скопје прајд и бидејќи спласна пандемијата и мерките е повлечени па одлучивме дека можеме да ја оддржиме оваа втора парада, секако ние ќе ја следиме ситауцијата во однос на пандемијата. Она што е важно оваа парада ја посветуваме на сите ЛГБТ и оние кои не поддржуваат кои ќе дојдат со нас да го исчекорат овој марш во кој бараме еднаквост во нашето општество ни сите оние кои не можат да дојдат со нас од различни причини заради тоа што не можат да се откријат себе си поради тоа што се плашат за своите најблиски за односот со своите најблиски, се плаѓат за својте работни места или за односот во училиштата и факултетите. Ја посветуваме оваа парада и на нив затоа што изолацијата која сите заедно ја искусивме изминатата година, ЛГБТ ја искусуваат цел нивен живот, цел нивен живот се зад некои ѕидови, плакари во кои се кријат заради стигмата предрасудите кои во општество се уште ги има во ЛГБТ заедницата и затоа оваа година мотото на оваа парада е вон ѕидовите, рече Кочо Андоновски
Безбедноста на парадата се очекува да биде на највисоко ниво, и граѓаните кои ќе бидат дел од неа да се чуствуваат слободни и ссигурни додека ја прославуваат парадата на гордоста во Скопје.
– Викендот кој ќе се одржи парадата гледавме да биде во рамките на состојбата со Ковид 19 и со подобрувањето на епидемолошката состојба и поради тоа моравме да го фискираме денот и парадата ќе биде а 26 јуни. Поучени од првата парада која се случи пред две години. Ние уште од пред десетина дена одржавме средба и со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во која ги најавивме нашите намери. Добвме и потврда од МВР за безбедноста која ќе се обезбеди местот на сите учесници на парадата. Јас морам да истакнам дека пред две години нашата парада која што беше прва во нашата земја беше оценета како најдобра парада во регионот токму поради безбедносниот аспект и покрај големиот број полициски број која беше таму нивната видливост беше многу мала што на учесниците им даде слобода, а воедно и се чувствуваа слободни и сигурни . Оекувам МВР и оваа година да бидеме безбедни и сигури во славењето на гордоста ќе ја покаже својата професионалност. Ние ќе ја следиме состојбата и од аспект на Ковид 19 доколку дојде влошување на состојабата ние ќе се прилагодиме на парадата и на другите активности, изјави Уранија Пировска на денешната прес конференција.
Оваа парада на гордоста е славење на слободата, различноста, прифаќањето, љубовта и испраќа порака дека место под сонцето има за секого.
– Оваа година како и минатата со оглед на добрата состојба со Ковид 19 можеме да зачекориме на скопските улици и оние кои сакаат да дојдат да зачекрат заедно со нас приемот ќе биде од 10 до 12 часот во Жена парк на 26 јуни и оттаму сите ќе почнеме да се движиме по улиците. Тргнуваме од Жена парк, поминуваме покрај Владата и застануваме на главната точка во Градсиот парк односно на Школка. Прајдот е и протест но и прослава со цел да испратиме пораки на она што го бараме тоа се приоритети на луѓето на ЛГБТ и заедницата, рече Елена Петровска.
Тони Ангеловски потпаролот на МВР беше дел од денешната прес конференција кој посечи да се почитуваат правилата и се надева дека исто како и минатата парада, настант ќе помине мирно и во најдобрар ред.