Пекинг го обвини НАТО дека продолжува со „менталитет на студена војна“ – ММС
ММС

Објавено на: 06/15/21 8:55 AM

Пекинг го обвини НАТО дека продолжува со „менталитет на студена војна“

Ден по самитот на НАТО во Брисел на кој стана збор за тоа каков предизвик е комунистичкиот режим за Атлантскиот совет, Пекинг го обвини НАТО дека претерува со „теориите за кинеска закана“.

Кинеската мисија во ЕУ го обвини НАТО дека тоа е клевета за мирниот развој на Кина и претставува „продолжување на менталитетот на Студената војна и блок-политиката“.

Во изјавата портпаролот на кинеската мисија истакнал дека Кина е посветена на одбрамбената политика која има „одбрамбена природа“, а нејзината определба за одбрана и воена модернизација е „оправдана, разумна, отворена и транспарентна“.

– Кина нема да презентира системски предизвици на никого, но нема да седиме и да не правими ништо доколку „системските предизвици ни се приближат“, рекол портпаролот на мисијата.

Како што пишува „Ксинхуа“ портпаролот потенцирал и дека кинескиот буџет за одбрана во 2021 година е околу 209 милијарди американски долари, или само 1,3 проценти од нејзиниот БДП, дури и помалку од минималните критериуми на НАТО за два проценти. Вкупниот воен трошок на НАТО, пак, се очекува да достигне 1,17 трилиони долари оваа година, повеќе од половина од вкупните глобални воени трошоци и 5,6 пати повеќе од Кина.

– Луѓето во светот јасно можат да видат кој има воени бази насекаде низ светот и кој „покажува мускули“ испраќајки носачи на авиони низ целиот свет, рекол портпаролот.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вчера ја отфрли можноста за студена војна со Кина.

– Кина не е наш противник и непријател. Нема да има нова студена војна со Кина, но мораме да се соочиме со предизвиците кои ги ствара во поглед на нашата сигурност, рече Столтенбег.

 

извор: ксинхуа