Фудбалерите добиваат поддршка од сите страни – Пејачката Бојана со емотивна порака во дрес – ММС
ММС

Објавено на: 06/14/21 7:59 PM

Фудбалерите добиваат поддршка од сите страни – Пејачката Бојана со емотивна порака во дрес

Овие денови цела Македонија живее во еуфорија. За првпат во нашата историја имаме прилика да ја гледаме фудбалска репрезентација на големото Еврпопско првенство во фудбал.

На нашите фудбалери сега им е потребна поддршка повеќе од било кога, а таква поддршка пристига од сите страни.

И пејачката Бојана Скендеровски објави фотографија на која позира во дрес од фудбалската репрезентација, кој како подарок пред неколку години го добила од фудбалерот Бобан Николов.

“Кога пред 5 години го добив како подарок овој дрес од Бобан Николов, по повод неговото гостување во мојата емисија “Улица Македонија”, потајно знаев дека еден ден тој дрес ќе има посебно значење и вредност. На овој дрес тогаш ми се потпишаа Елмас, Барди, Николов, Велковски, Бејтулаи, Зајков, Аврамовски, Муслиу, момците кои тогаш играа Европско првенство во млади категории У21 и беа златната генерација која ја создаде селекторот на истата, Боби Милевски. Тие млади момци,тогаш во 2016 година на почетокот на својата кариера и големи соништа, денес заедно со останатите од нашата репрезентација го остварија сонот на целата наша нација, тие изгреаа ново сонце на победите и не обединиja сите во едно големо срце кое чука во овој момент само за нив! Момци ние не можеме да трчаме на теренот за Вас, не можеме да Ви помогнеме ни технички ни тактички, спортски речено, ама ние како Ваш народ ќе Ве сакаме и славиме цел живот што и да биде понатаму на ова натпреварување, Вие не потсетивте дека имаме зошто да бидеме горди на својата земја сегa и секогаш” – стои во нејзината емотивна објава.