На 12.06.2021 во 01.00 часот, при контрола на угостителски објекти на подрачјето на Куманово, полициски службеници од СВР Куманово констатирале дека казино на ул.„Доне Божинов“ работи по дозволеното работно време, информираат од МВР.
Во објектот биле затекнати шест лица гости и тројца вработени.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.