Не сакавме да бидеме црна овца, затоа ги отстрануваме платформите, рече Мерко, градоначалникот на Струга – ММС
ММС

Објавено на: 06/14/21 2:55 PM

Не сакавме да бидеме црна овца, затоа ги отстрануваме платформите, рече Мерко, градоначалникот на Струга

Наместо да каже како планира да се справи со диво изградените објекти на струшкото крајбрежје, за каде официјалниот податок на општината е дека во заштитеното подрачје на Охридското езеро има 65 дивиградби, градоначалникот на Струга,Рамиз Мерко, денес се расправаше со новинарите, тврдејки повторно дека во Струга нема такви објекти.

На новинарско прашање како е можно  општината да не знае колку дивоградби има,  кога Државен завод за ревизија имаше извештај во кој вели дека има над 2000  дивоградби, што значи дека и тие незнаат што гледаат Мерко рече:

Пак шпекулирате.Ти пак шпекулираш.Јас ќе ти кажам.Слушај сега, абе слушај сега, пак ти.Ти велиш едно, јас знам друго. Значи овде нема дивиградби. Затоа што сите тие дивоградби се пред 2011 година. Сите имаат предмети за легализација. И се чека да се легализираат.Не се во зашитениот појас.Тие се во Лабуништа, во Мороишта, рече тој расправајки се со новинарите.

Во Струга почна отстранувањето на платформите изградени пред неколку години во водите на Охридското езеро. Но ова доаѓа по силниот притисок на јавноста и медиумите, иако Мерко повторно рече дека овие платформи не биле нелегални, туку дека со ова сакале само да му помогнат на Охрид, регионот да го зачува статусот под УНЕСКО.

-Шест платформи се овде во Струга и сите шест за кратко време ќе се тргнат. Во разговори со сите чинители, дојдовме до констатација, ние да не бидеме црна овца, туку сите сакаат да се солидаризираат со своите колеги во Охрид,   Струга, односно Република Северна Македонија, да не го изгуби статусот под УНЕСКО, туку уште повеќе да придонесеме да се доближиме до УНЕСКО,  да може да се инвестира уште повеќе во овие градови.После оваа наша работа, чекаме фид бек од државата и од Комисијата на УЕСКО, чекаме фуд бек за подобар развој. Ако овој развој со платформи не е добар, да ни даде план што понатаму“, кажа Мерко.

Според него и ова што се отстранува не е дивоградба, иако на сите досегашни концесионери со плажи со години им се истечени договорите за концесионирање исто како и во Охрид.

„Сите тие плаќаат такса како што е одредено при издавање на одобрение во 2010 година.Пак истото го велам и сега, дека не се дивоградби. Овие се со одобрение направени.И овие се влезени во одобренијата. Значи не се дивоградби. Вие само шпекулирате“, додаде тој.

Во туристичката населба Радожда има објекти и платформи кои се влезени во езерските води, за кои Мерко вели – таму да не се чепка.

„Немој да ја чепкате. Затоа што таму не се овој стил на платформи. Тоа е крајбрежје, каде било и ќе биде дел од развојот на село Радожда“, рече Мерко.

Дел од сопствениците на угостителски објекти на самото крабрежје во Струга, велат дека решенијата за отстранување на платформите од општината ги добиле во петокот. Велат дека на акцијата требало да се почека после туристичката сезона.

„Постапуваме по решението кое го добивме во петокот, макар што ова можеше да биде и после туристичката сезона, меѓутоа така решија и ние така постапивме“, рече Галип Османоски.

Мерко повеќе од три години упорно тврдеше дека на струшка територија од Охридското крајбрежје нема дивиградби. Вели дека не бил под притисок за да отпочне со акција за отстранување на платформите. Мерко овие изјави ги даде во присуство на првиот вицепремиер Артан Груби и министерот за информатичко општество,Јетон Шаќири.

Мики Трајковски